Европскиот медицински регулатор на денешниот вонреден состанок донесе заклучок дека вакцината „АстраЗенека“ е сигурна за користење.
Ваквата одлука следува откако неколку земји на ЕУ привремено ја прекинаа имунизацијата по извештаите за згрутчување на крвта.
Извршниот директор на Европската агенција за лекови (ЕМА) Емер Кук денеска посочи дека „не може да се исклучи дефинитивната поврзаност“ помеѓу случаите на згрутчување на крвта и вакцината.