Денеска Европската комисија го одбележува 15-от Европски ден на сеќавање на жртвите од тероризам – годишен настан за одбележување на бомбашките напади во Мадрид од 11 март 2004 година, кои однесоа животи на 193 граѓани на ЕУ и повредени илјадници други.
„Денеска, ние се сеќаваме на сите оние кои ги загубија своите животи или најблиски на терор, без оглед на тоа дали тие терористички напади се случиле во рамките на Европската унија или надвор од нејзините граници. Ние им оддаваме почит на сите погодени од овие грозоморни злосторства, семејства и пријатели“, се наведува меѓудругото во изјавата на ЕК.
– Advertisement –