Министрите за надворешни работи на ЕУ денес формално го одобрија воведувањето санкции врз кинеските официјални лица за кршење на човековите права, изјави дипломатски извор од ЕУ.

Ова се првите санкции против Пекинг од воведувањето на ембаргото за испорака на оружје по смртоносната акција на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.

– Advertisement –

Министрите одобрија воведување забрана за патување и замрзнување на имотот против четири лица од Кина, чии имиња ќе бидат објавени во текот на денот.

Тој е обвинет за кршење на правата на малцинската муслиманска заедница Ујгури во кинеската провинција Ксинџијанг.

Европратениците се согласија на воведувањето на овие мерки минатата недела.

Прикажи повеќе