Европратеникот Ангел Џамбаски провокативно преку социјалните мрежи му возврати на претседателот Стево Пендаровски за предлогот за забрана за влез на бугарскиот политичар  во земјава. Според Џамбаски, забраната нема да ја избрише вистината дека Македонија била и е бугарска, пренесува Фактор.мк

„Македонија била и е бугарска! Северна Македонија е друга работа. За тоа заслугата е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината!“, пишува Џамбаски.

Пендаровски вчера соопшти дека ќе предложи до Владата Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата во Македонија. На листата на непожелни личности на кои би им бил забранет влезот во земјата би можеле да се најдат и други бугарски државјани, за кои постојат сомневања дека се поврзани со руската разузнавачка служба.