Двата највозбуливи натпревари во Евролигата се играа Белград и во Москва, и на двата, домашните екипи загубија во неизвесна завршница. Црвенз звезда е поразен од Асвел со 78:81, додека ЦСКА Москва го доживеа првиот пораз во дуелите со Баерн Минхен (66:69).
На натпреварот во Белград, и двете екипи имаа свои моменти, во кои францускиот тим правеше двоцифрена предност, а Црвена звезда ја бркаше негативата и на крајот имаше и шанса дури и да победи. Во последните минути се играше беспрекорно во нападот со реализации на Добриќ и на Волден на едната, и на Норис Кол на спротивната страна.
Сепак, во последната минута 78:79 топката наместо кај Волден заврши кај Џордан Лојд кој го промаши шутот по што Кол од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат. „Црвено-белите“ во последниот напад имаа шут за израмнување но Лојд во два наврати промаши.
Кол постигна 22 поени за Асвел, додека Волден и Добриќ постигнаа по 17 поени за Ц. Звезда.
ЦСКА Москва која настапи без својот најдобар кошаркар, Мајк Џејмс, кој е суспендиран, доживеа пораз на домашен терен од Баерн Минхен со 66:69. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете екипи, првата четвртина и припадна на ЦСКА со 27:25, но на одмор се замина со предност на Баерн 39:40.
Третата четвртина му припадна на домашниот тим со 21:10 но без помошта на Џејмс, не успеа да го издржи налетот на кошаркарите на Баерн во одлучувачката четвртина. Баварците последната четвртина ја решија во своја корист со 6:19 и дојдоа до првата победа во меѓусебните дуелиу. Болдвин беше најдобар кај германскиот тим со со 22 поени, Сили постигна 17, додека кај ЦСКА, Милутинов со 16 поени беше најрасположен за игра.
Highlights…@RMBaloncesto holds firm to triumph in Berlin pic.twitter.com/oG6yMbnLT7
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 29, 2021
Реал Мадрид и Панатинаикос без големи проблеми славеа против Алба, односно Валенсија. „Кралевите“ со 72:63 победија на гости кај Алба, а Козер со 13 и Алкосен со 12 поени беа најзабележителни кај победничкиот тим.
Панатинаикос оствари убедлив триумф над Валенсија со 91:72, а најдобар на теренот беше Немања Недовиќ со 16 поени и 7 асистенции.
.@paobcgr got back to winning ways beating @valenciabasket 91-72 at the Oaka
Highlights… pic.twitter.com/UFKxVA9zPJ
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) January 29, 2021
Басконија со 81:68 го совлада Жалгирис во натпревар во кој доминираше Хенри со 19 поени.