Кошаркарите на Црвена звезда вечерва му гостуваа на Реал Мадрид во одложениот натпревар од 19 коло.
Играчите предводени од тренерот Дејан Радоњиќ дојдоа до сензација откако го совладаа „кралскиот клуб“ со резултат 79:77 (23:21, 22:19, 21:18, 13:19).
Домаќинот имаше шанса во последните пет секунди од средбата да дојде до триумф, но Керол не беше прецизен во последниот шут.
За српскиот претставник најефикасен беше Волден со 18 поени, пет помалку запиша Добриќ. На спротивната страна за шпанската екипа Фернандез реализираше 11 поени.
На табелата Реал е на третата позиција (13-7), зад ЦСКА Москва (15-5) и Барселона (14-6), додека белградските „црвено-бели“ се на 14 место (7-13).