Евроамбасадорот во Скопје Дејвид Гир испрати порака до сите политичари во нашата земја. Како што вели тој, главната порака се реформите, кои опфаќаат широк опсег на прашања, од владеењето на правото, борбата против корупцијата, подобрување на стандардот на живеење. Токму во овие полиња мора да се работи најмногу и најпосветено. Гир порачува дека иако овие процеси треба да ги предводи Владата, сепак сите политичари, без разлика од која партија доаѓаат, мора да работат заеднички во интерес на државата и исполнувањето на критериумите и услови за влез во Европската Унија.
-Тоа е работа која треба да ја предводи Владата, но исто така е нешто што мора да ги обедини сите, од сите политички страни, од сите страни на општеството, да се обединат, заеднички да работат, да се постигне демократска, мирна и просперитетна земја во рамките на ЕУ, вели амбасадорот Дејвид Гир.
Оваа порака тој ја испрати како одговор на новинарско прашање во Делчево, каде заедно со „Банката за храна“, поделија пакети со прехранбени производи за 30-тина социјално загрозени семејства.