Железница од утринава е без струја, деловите кои се под електродистрибуција се отсечени од мрежата.
МЖ Транспорт не успеа да го плати долгот којшто надминува 6,5 милиони евра поради што ЕВН почна со спроведување на својот план за исклучување. За долгот на клинички центар ,,Мајка Тереза ,,од ЕВН чекаат писмена гаранција од владата дека ќе се плати долгот, кој што изнесува седум милиони евра. Ако тоа не се случи клинички од денеска ќе биде без струја, велат за Канал 5 од Електродистрибуција























