После најавите од ЦУК дека од ЕВН очекуваат извештаи дали пожарите настанале од искрење на електрични столбови, се јавија со соопштение од ЕВН во кое кажуваат дека досега не е утврдено дека мрежата е причина за настанување на пожар.
„ЕВН Македонија прави вештачења на сите посочени места и досега нема утвредно дека мрежата е причина за настанување на пожар.
Било какви тврдења од јавноста и официјални лица треба да се основани со докази.
Секојдневно се прават сервисирања на мрежата од страна на екипите на Електродистрибуција, што е дел од нашата ивестициона и програма за сервисирање.
ЕВН Македонија е исто така меѓу сериозно оштетените во целава вонредна состојба со пожарите, со целосно уништена и опожарена мрежа во кризните подрачја.“, се вели во соопштението на ЕВН Македонија.