По повод 80-годишнината од постоењето во Македонија, Црвениот Крст им додели јубилејни плакети на најголемите соработници во изминатата деценија, меѓу кои и на ЕВН Македонија. Плакетата му беше доделена на г-дин Волфганг Маиер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. На доделувањето на плакетите присуствуваше и австрискиот амбасадор во земјава, г. Мартин Памер.
Низ годините, ЕВН поддржа низа проекти на Црвениот Крст на територијата на целата Република и придонесе кон подобар квалитет на живот на повеќе социјално ранливи заедници. Пообемни активности кои беа реализирани се долгорочните проекти за грижа и нега на старите лица, заеднички развој на заедницата во општината Шуто Оризари, новогодишни донации за деца од ранливи семејства од цела Македонија кои се реализираа секоја празнична сезона, крводарителски акции како и поддршка на активностите по повод денот на гладта. Исто така, преку локалната мрежа на Црвениот Крст, ЕВН има реализирано и едукација за енергетска ефикасност и безбедно користење на електричната енергија.
Партнерството со Црвениот Крст е во рамки на целите за одржливост на ЕВН Македонија и преку соработката со оваа организација со долга традиција и репутација успеваме да допреме до оние категории на граѓани на кои помошта им е неопходна преку релевантни и конкретни проекти.