Дали сте знаеле дека пешкирите би можеле да бидат на листата на највалкани работи во вашиот дом? Тие се идеално место за развој на бактерии, а ако ги користите за бришење на лицето, можете само да ѝ наштетите на вашата кожа. Иако, се чини дека сушењето на лицето со пешкир е најлогичниот можен потег, всушност тоа може да направи повеќе штета отколку корист.
Еве како бришењето со пешкир може да влијае на вашето лице:
Може да создаде акни
Сушењето на лицето со пешкир што го користите за сушење на вашето тело може да ја оштети кожата повеќе отколку што мислите. Пешкирите се одлични за собирање бактерии. Бидејќи обично ги чуваме во бањата, каде што воздухот е влажен, се создава совршена средина за развој на бактерии. Кога го триете лицето со пешкир, ги пренесувате сите овие бактерии директно на кожата, што на крајот може да доведе до затнување на порите. Дури и ако користите специјален пешкир за лицето, веројатно не го перете секој ден, а несаканите бактерии сè уште можат да го најдат патот до вашата кожа.
Вашата кожа ќе старее побрзо
Пешкирите кои најчесто се користат за бришење на лицето, всушност се премногу груби за нежната кожа на лицето. Можете несвесно да ја иритирате кожата на лицето, правејќи ја подложна на инфекции и брчки. Колку повеќе ги перете пешкирите, материјалот станува погруб, а триењето што го создаваат истите, делува како пилинг што може да биде премногу груб за вашата кожа.
Се намалува ефикасноста на производите за нега на кожата
Иако сушењето на лицето со пешкир после миење се чини како природен и логичен потег, во реалноста тоа може да значи да не ѝ дозволите на вашата кожа да го извлече максимумот од производите што претходно ги нанесувавте. Хидратантна крема подобро ќе навлезе во кожата пред да испари целата вода од нејзината површина. Прескокнувањето на сушење со пешкир ќе им овозможи на производите за нега на кожата да ја искористат влагата што ѝ е потребна на кожата за да изгледа младешки и сјајно.
Иритација на кожата
Ако имате чувствителна кожа, користењето пешкир не е најдобрата опција за сушење на лицето. Бидејќи повеќето материјали од кои се прават пешкирите можат да бидат премногу груби за кожата, бришењето на лицето со нив може да резултира со црвенило и иритација на кожата, пишува „Bright Side“.
Мастење на кожата
Можеби звучи контрадикторно, но сушењето на кожата всушност може да ја направи мрсна. Бидејќи грубите пешкири можат да ја отстранат природната мастонија што ѝ е потребна на вашата кожа за да остане здрава, лојните жлезди под површината на кожата ќе мораат да произведат повеќе масти за да ја компензираат сувоста, што ќе резултира во премногу мрсна кожа.
Затоа, наместо да го избришете лицето со крпа, оставете го воздухот да си ја заврши својата работа.