Русија планира да вакцинира над 30 милиони свои граѓани против коронавирусот до средината на јуни, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

– Потпишан е договор за испорака на 30 милиони дози вакцина Спутник V и ќе има дополнителни испораки на ЕпиВакКорона – рече министерот за време на неговата посета на Јарослав, град на Волга, пренесува Тас с.

Тој рече дека над 15 милиони луѓе ќе бидат вакцинирани до 15 јуни, откако дозите ќе бидат доставени пред крајот на мај, според Танјуг.