Кромидот многу често е дел од здравиот оброк, без разлика дали се консумира сиров или во салата. Но, ако го подготвите на вистинскиот начин, тој може да стане најмоќниот природен лек за голем број болести.
Облоги од кромид
Доколку станува збор за главоболки, отекувања, болка во ушите или настинка, нанесете облоги од исечкан кромид на болните места. За високи температури, ставете облоги со исечкан кромид на нозете, додека пак за крвавење од нос, поставете ги на вратот. Ако ве каснало диво животно, повторно облогите од кромид можат да ви помогнат за побрзо заздравување на вашите рани. Ако имате чир на или под кожата, изрендајте 1 кромид и измешајте го со малку маслиново масло, па поставете го на болното место и чувајте го таму 1 до 2 часа.
Сок од кромид
Исечкајте го кромидот на ситни парчиња и исцедете го сокот од него. Доколку имате воспаление на белите дробови или некоја друга болест, измешајте го сокот со 1 лажица мед и пијте го 2 или 3 пати дневно. Со цел да го спречите губењето на косата или да го поттикнете нејзиниот раст, масирајте ја главата со сок од кромид неколку пати дневно. Тој е одличен и за справување со упорната кашлица доколку го разблажите малку со вода. Истиот рецепт важи и за чистење паразити во цревата. Доколку станува збор за кожни болести, масирајте ја кожата со сокот од кромид неколку пати дневно, додека пак за проблеми со желудникот пијте го во комбинација со ракија (измешајте со иста количина).
Варен кромид
За да се справивте со честото мокрење или чирот, исечкајте 1 главица кромид и измешајте го со 200 милилитри вода и 1 лажица мед. Откако ќе завршите, сварете го со малку рузмарин, 200 милилитри вино и 200 милилитри вода. Пијте по 1 лажичка на секој час.
Пржен кромид
Доколку имате рани и чиреви, најпрво измијте ги болните точки, а потоа нанесете го претходно испржениот кромид во масло. Ако имате проблем со згрутчувањето на крвта, секој ден треба да јадете по една главица кромид испржен во маслиново масло. Правете го тоа во попладневните часови или навечер. Доколку станува збор за воспаление на ушите, ставете облоги од врз нив со врел пржен кромид и држете ги така некое време. Тој исто така може да ви помогне и при справување со различните видови тумори на кожата.