Партијата на бугарскиот шоумен Слави Трифонов „Има таков народ“ и партијата „Движење за права и слободи“, од чии редови доаѓа главниот набљудувач за РС Македонија од Европскиот парламент, Илхан Ќучук, одбиле да се сретнат со премиерот Заев за време на неговата работна посета на Софија.
Заев соопшти дека побарал средба со 4 партии, како знак за добра волја и пријателство, но од „Има таков народ“ и ДПС откажале средба со објаснување дека се зафатени со предизборни активности.