Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци низ државата.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патот Ресен-Битола преку планинскиот превој Ѓавато, од Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир, на потегот Маврово- Дебар во двата правца, на патните правци Струга-Ќафасан и Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, како и на потегот Охрид-Пресека-Кичево.

На останатите патни правци низ државата, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со кашест снег.