Политичката партија Алијанса за Албанците се очекува во понеделник да ја донесе официјалната одлука за раскинувње на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, со поднесување оставки од сите функција во локалната власт во Скопје.

Извори на Алсат од Алијанса информираат дека ставот за оставките ќе биде донесен едногласно. Заминувањето на советникот на Алијанса од коалицијата во Градот Скопје, сепак не го загрозува мнозинството на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, кои досега уживаа мнозинство од 24 од вкупно 45 советници.

ВМРО-ДПМНЕ одлуката на партијата на Зиадин Села ја оцени како пропуштена шанса за делегитимирање на ДУИ од власта.

„Жал ни е што Алијансата не ја разбра можноста целосно да ги делегитимира криминалните политики на ДУИ, туку скокна во нивното сценарио за зачувување на власта. Во овој контекст, Алијанса за Албанците мора да одлучи што е поважно за нив – да ја сменат оваа влада, која носи лош живот и за Албанците и за Македонците или да дозволи ДУИ да продолжи да си игра со Албанците преку нивната националистичка игра“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Разидувањето меѓу ВМРО и Алијанса дојде по одлуката на Данела Арсовска да го разреши Зуди Енузи од функцијата в.д. директор на „Комунална хигиена“ затоа што му е брат на човекот кој завчера пукаше на плоштадот Скендербег.