Меѓународната веб-страница GlobalFirepower.com ја објави годишната ранг-листа за 2026 година, со која се оценува воената моќ на 145 држави ширум светот. Рангирањето се базира на повеќе од 60 индикатори, меѓу кои воените капацитети, финансиските ресурси, логистиката, технологијата и географските фактори, врз основа на кои се пресметува индексот на моќ (PowerIndex – PwrIndx), пишува zoom.mk.
Во објавената листа, стрелките во боја го прикажуваат трендот во однос на претходната година: раст, стагнација или пад. Од GlobalFirepower посочуваат дека промените во трендот не значат нужно реално слабеење на воените капацитети, бидејќи врз резултатите влијаат и ажурирањата на методологијата за оценување.
Според податоците:
• Албанија е рангирана на 77. место, со растечки тренд, и индекс на моќ PwrIndx 1.7258.
• Бугарија се наоѓа на 62. место, со стабилен тренд, со PwrIndx 1.2522.
• Северна Македонија е рангирана на 114. место, со опаѓачки тренд, со PwrIndx 2.4956.
• Словачка го зазема 69. место, со растечки тренд, со PwrIndx 1.3911.
Од GlobalFirepower истакнуваат дека нивната формула им овозможува и на помалите, но технолошки понапредни држави, да се натпреваруваат со поголемите сили, додека ранг-листата се ажурира на годишно ниво. За 2026 година, во анализата се вклучени вкупно 145 светски воени сили./Zoom.mk























