„Кога имавме 13 години, тој нè тераше да разговараме за ерогените зони. На сите ни беше срам. И тогаш нè подели во парови, рече девојките да стојат со затворени очи, а момчињата да нè допираат насекаде. И по интимни делови“
Со овие зборови, сега 48-годишната Т. С. – некогаш ученичка на Мирослав Мика Алексиќ, опишува како започнал перверзниот процес на индоктринација на идните жртви на Мика во таканареченото актерско училиште, кое со децении било параван за да си ги задоволува неговите сексуални нагони, пишува „Блиц.рс“.
На 13 години, ги терал девојчињата да зборуваат за ерогените зони. На 14 години, момчињата да ги допираат нивните интимни делови. На 16-годишна возраст, тој ги прашувал дали имаат секс. На 17 години им ги допирал градите и задниците. На 18 години, тој ги силувал, или симулирал сексуален однос со прст…
Т. С. за „Блиц“ раскажа дека ќе биде сведок на судењето на страната на актерките кои го обвинија Мика Алексиќ за силување или сексуално злоставување. Таа се приклучила на драмската група во 1982 година, кога имала девет години.
„Побара да ги затвориме очите, а потоа момчињата со рацете да не допираат по целото тело, од глава до пети. И на интимните делови. Сите бевме многу засрамени. Бев збунета и згрозена, но на Мика не смееше да му се каже „не“! Мика бираше кој со кого ќе биде во пар. Се сеќавам, момчето што беше со мене се викаше Војкан, го заборавив неговото презиме. Мика подоцна побара да опишеме како се чувствуваме. Јас јасно се сеќавам, реков „гадно“, а тој збесна и ме присили да го опишам точно чувството. Се обидов да си го објаснам тоа како актерска вежба, бидејќи тоа ќе мора да го правиме и на филм. Дури подоцна, кога пораснав, сфатив колку е тоа не беше нормално. Деца не снимаат секси сцени!“, вели сведокот Т. С.
Поради одговорот што го дала, Алексиќ многу бргу ја избркал од училиштето. Тој ѝ рекол веќе да не доаѓа затоа што не припаѓа таму.
„Тој го направи тоа, како и сè друго, пред сите, со цел да ме понижи уште повеќе. Тоа ми помогна, никогаш не би се осмелила да заминам сама“, вели Т. С.
По првичниот шок, почнала да ја чувствува слободата. Како и многу ученици кои поминале низ овој застрашувачки коктел од психолошко и сексуално злоставување маскиран во „училиште на животот“, таа ни денес не може да објасни што ја држало во т.н. училиште и зошто не го напуштила порано.
„Ми се смачи од целиот свет на глума, немав ниту амбиција да се запишам на Академијата. Тоа беше чудна мешавина од омраза, фасцинација од моќен и харизматичен човек и желба да биде задоволен, но и страв од неуспех, што на крајот и се случи“, вели сведокот Т. С.
Таа никогаш не разговарала со никого на оваа тема, до неодамна. Непосредно пред актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ храбро да излезат во јавноста, таа им раскажала на своите мајка и сестра за ова трауматско искуство. Се јавила во полиција веднаш штом го прочитала признанието на Милена, подготвена да раскаже сè што преживеала.
T. С. раскажува дека немале сите деца ист третман. Некои познати актери денес (таа им ги кажала имињата на полицијата) имале подобар статус и Мика ги малтретирал помалку.
„Најтешко им беше на оние кои беа срамежливи или пречувствителни, како што станав јас. Кога ќе намирисаше страв, тој стануваше уште полош. Кога влегов во пубертет и почнав да добивам облини, тој почна да ме навредува за мојот физички изглед. Ми рече дека сум дебела, дека имам „голем задник“. Во седмо одделение, бев висока 168 сантиментри и имав 57 килограми, што не е малку, но не е дека бев слон. Сепак, тој направи сè за да се чувствувам така. Она што денес најмногу ме боли е таа моја детска потреба Мика да ме засака и да ме пофали, тогаш би направила сè за да го добијам тоа. Ни беше голема чест кога ќе избереше еден од нас да му купи кафе или цигари „Дрина“ без филтер, кои немилосрдно ги пушеше во таа просторија на петтиот кат на Радио Белград“, се сеќава сведокот Т. С.
Неколку месеци откако Т. С. се запишала во драмската група, следел и првиот шокантен настан со сексуална конотација.
Уште две нови жртви на Мирослав Мика Алексиќ: Едната девојка со потресна исповед
„Мика ме избра мене и три други девојки како и еден добро познат актер денес за снимање на некаква серија, односно една епизода. Иако улогите беа мали, снимањето траеше неколку дена, од утро до вечер на Кошутњак. Чекајќи го нашиот ред, трчавме наоколу и си игравме. Кога после снимањето дојдовме на проба за прв пат, Мика нè повика и толку ни викаше што се тресеше целото Радио Белград. Најшокантно за мене беше што тој го казни тоа момче кое „нè бркал на сетот и ни ги кренал здолништата“, што навистина не се сеќавам дека се случи! Му рече да се качи на масата и да си ги соблече пантолоните пред целата група, и момчето го направи тоа. Тогаш се развика „Сега сите мрш надвор!“ Дојдов дома плачејќи и реков дека ме исфрлија од групата. За жал, сепак се вратив. Почнаа моите години на терор“, вели Т. С.
Сведокот Т. С. вели дека групата на Мика бил единствениот колектив во нејзиниот живот каде не стекнала ниту еден пријател. Можеби затоа што тоа му одговарало на Мика, затоа што ги држел работите под контрола.
„Помислувам на тој период од мојот живот и вложувам многу напор да работам на мојата самодоверба, која Мика ја уништуваше со години. Честопати ги слушав проценките дека имам понизен став кон авторитетите и мажите, дури одев на психотерапевт поради тоа. Жал ми е за девојчињата кои поминаа многу полошо и што ние, постарите, не знаевме како да им дадеме барем некаков сигнал, за да го избегнат ова страдање. Се надевам дека ова ќе биде голема лекција за сите, дека во иднина ќе внимаваат кој работи со деца. Поради тие деца, решив да дадам изјава“, вели сведокот Т. С.
Таа вели дека ги смета за бесмислени коментарите на приврзаниците на Мика дека, наводно, девојките го обвинуваат Алексиќ за некаква корист.
„Сто проценти стојам зад сè што реков и ќе го повторам каде и да е потребно! Одамна излегов од тој свет, веќе 20 години живеам во странство, имам успешна кариера. Кога читам како некои зборуваат за „успешните методи“ на Мика кои „ги подготвуваат децата за живот“, можам само да кажам дека станав добар човек и го изградив својот живот и кариера не поради Мика, туку и покрај него“, заклучува Т. С.
Што се однесува до Билјана Машиќ, сопругата на Мика Алексиќ, за Т. С. фактот што застанала на страната на нејзиниот сопруг и не го напуштила веднаш, како и сопругата на Харви Вајнстин, озлогласениот холивудски продуцент, покажува дека и таа самата е на некој начин жртва.
„Ја паметам како тажна млада жена. Дури таа нејзина ранливост ми беше блиска и сакав кога доаѓаше таа наместо него. Сепак, неговите недела се презастрашувачки за да би водела таква неморална кампања. Тие сепак се многу млади девојки, скоро деца“, вели Т. С.
И можноста за терор била секогаш и секаде. Сведокот на пример, се сеќава дека Мика Алексиќ одлучувал кој ќе оди на патувања платени од Радио Белград.
„Еднаш ме однесе во Атина и Крит. Тоа патување беше кошмар! Се сеќавам дека на Крит тргнавме од плажа до хотел на најжешкото сонце, боси. Добив изгореници, а и денес имам лузни на стапалата. Во Атина, тој ми даде две девојчиња за да се грижам за нив, а јас имав само 12 години“, вели Т. С.