41-то доделување на наградите „Златна малина“ веројатно ќе одговори на ова прашање по објавувањето на своите номинации за најлоши филмски остварувања за 2020 година.

Ова шоу е пародија во чест на најлошите кинематографски (не)достигнувања. Ко-основана од дипломирани студенти на филмска уметност и ветерани од филмската индустрија Џон Вилсон и Мо Марфи.

На врвот на листата се наоѓа филмот „Dolittle“ со шест номинации за најлош филм, најлош римејк, најлошо актерско претставување за Роберт Дауни Џуниор, најлоша режија на Стивен Гаган, најлошо сценарио и најлоша екранска комнимација.

Полскиот филм „365 Days“ забележа шест номинации, за кој многумина велат дека е превртен римејк на уметнички сомнителниот филм „Fifty Shades of Grey“. Еротската драма на Барбара Бијаловас и Томаш Мендес е изненадувачки кандидат, очигледно организацијата ги менува правилата.

Заради контроверзии филмот „365 Days“ се соочи со кампања за отстранување од „Нетфликс“. Велшката пејачка Дафи беше една од ѕвездите која во отворено писмо до стриминг сервисот изјави дека филмот ја „величи бруталната реалност на трговијата со луѓе, киндапирањата и силувањата“.

„The Fantasy Island“ во продукција на „Сони“ доби пет номинации за најлош филм, два пати за најлоша споредна актерка за Меги Кју и Луси Хејл, најлошо сценарио и најлош римејк.

Режисерското деби на музичарката Сиа „Music“кое беше опишано како „сентиментално злосторство“ доби само четири номинации и тоа за категориите најлош филм, најлош режисер, најлоша актерка Кејт Хадсон и најлоша споредна актерка Меги Зиглер.

Заедно со повеќегодишните кандидати на „Златна малина“ Адам Сендел и Дејвид Спејд, Мајк Линдел се најде во категоријата за најлош актер за документарниот филм „Absolute Proof“ – кој тој самиот го финансирал.

Останатите номинации може да ги видите овде.