Пред околу половина час целиот трговски центар, посетителите и вработените во дуќаните се евакуирани. Причина е дојава за бомба. Екипите на МВР се на терен, го обезбедуваат и проверуваат објектот.

Ова е уште една во низа од дојавите за бомби кои се случуваат во изминатиот период кај нас, но сега за прв пат цел е трговски центар.

Но, не е само „East Gate“. Од МВР воедно информираат дека во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на неколку средни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Полицијата е на терен и ги проверува просториите во училиштата.

Ова е втора дојава за бомби во училишта и институции во Скопје оваа недела. Во вторникот закани по меил добија девет средни училишта и Народна банка, за кои по полициската проверка беше утрдено дека биле лажни.