Денеска околу 12 часот избувна пожар во Нови Сад.
Пожарот избувнал во зградата на улицата „Стевана Христија“ 25, а според белградските медиуми, пожарникарите ги евакуирале станарите со четири возила. Припадници на полицијата и екипа на брза помош биле исто така на самото место.
Белградските медиуми објавија дека пожарот е изгаснат, а причината сè уште не е позната. Пожарот избувнал на приземјето, а потоа се упатил кон повисоките катови. Поради тоа, пожарникарите морале да ги евакуираат луѓето низ прозорците.
Мајка и дете биле спасени од еден од становите.
Според првите информации, никој не е повреден во пожарот, освен што луѓето вдишувале чад.