Пожар избувна во станбена зграда спроти основното училиште „Иван Горан Ковачиќ“ во Звездара, општина која се наоѓа во Белград.

Пожарот најпрво избувнал во стара зграда, а потоа се проширил на друга, пренесуваат српските портали.

Луѓето се евакуирани и се пред зградата. Полицијата сè уште спроведува истрага и прави увид.

Еден од соседите вели дека поновата зграда порано била фабрика, која подоцна била станбена зграда. Како што велат, порано живееле неколку познати луѓе.