Неодамна Ева Мендес, објави подолг коментар за една „забелешка“ од еден нејзин следбеник на „Инстаграм“. 

Имено, актерката, во последно време не е многу активна на социјалните мрежи, па многумина си дадоа право да шпекулираат што ја „спречува“ актерката да објавува фотографии.

Instagram

Instagram„Таа посегна по естетски зафати и мислам дека не е задоволна од резултатот, а беше убава и без тоа“, беше коментарот кој Ева едноставно не можеше да го игнорира.

Instagram
Instagram

Здраво! Јас всушност одвојувам време да бидам присутва во моето семејство, затоа објаснувањето не ми е приоритет во мометов. Се надевам дека сте добро“, ѕвездата го започна својот коментар.

46-годишната актерката од 2011 година е во брак со актерот Рајан Гослинг со кого има две деца Есмералда (6) и Амада (4).

Не сум сигурна зошто ви одговарам, но еве, објавувам помалку затоа што навистина сакам да бидам присутна во моето семејство. Им требам на моите деца, а објаснувањето навистина ми одзема премногу време. Што се однесува до естетските зафати, ќе правам што и да посакам, но не, тоа не е причината. Причината е што јас лично не можам да жонглирам со семејството и социјалните мрежи. Значи, секако, го одбрав семејството. Ве сакам сите“, напиша Мендес.

Instagram
Instagram

Поради својата одлука, Мендес доби голема поддршка од нејзинте следбеници, кои ја пофалија за давање приоритет на семејството.

Ви благодарам на разбирањето. Некои луѓе можат да ги жонглираат тие две работи и тоа е одлично, но јас не можам. Кога веќе зборувам за тоа дека не можам да жонглирам со двете, сега морам да одам кај нив. Тие се во другата соба и се премногу тивки, а тоа никогаш не завршува добро“, се пошегува Ева.

Instagram
Instagram

Воедно таа изјави дека не е против пластични операции, не ги негира тие работи и дека постојано одговара на коментари на нејзините објави, затоа што се обидува да се поврзе и да комуницира со луѓето.