Македонската фудбалска репрезентација е интересна за светските медиуми. Се разбира, тоа е поради фактот што сме дебитанти, па медиумите ја претставуваат нашата репрезентација на јавноста. Во фокусот на угледниот „Еуороспорт“ се Горан Пандев и Енис Барди. Секако, Пандев е нашиот најпознат активен фудбалер. Како што вели, Еуроспорт некои се познати на светската јавност,некои не, но сите заедно играат важна улога во селекцијата.

Претставувањето секако е завршено со Горан Пандев, кој е четвртиот највозрасен фудбалер на ЕП кое почнува вечерва.

Темпото можеби е намалено, но тој работи напорно и секако дека неговата лева нога и понатаму е голема опасност за сите противници. Кога Пандев е напред се остава повеќе простор за Барди и Елмас, вели „Еуроспорт“.

Поголемо внимание е посветено на Енис Барди, за кого Еуроспорт вели дека има фантастична приказна.

Барди има фантастична приказна. Роден во Скопје по татко Албанец, по мајка Косовец, фудбал почна да игра во локалниот Шкупи. Потоа бил дел од младинскиот погодон на Брондби. Сепак, таму работите не одеа како што посакувал, па се преселил во шведската втора лига, пред да направи трансфер во Унгарија од каде што пристигна во Ла Лига, пишува во текстот.

Еуроспорт воедно потсети дека Енис Барди ги изведува сите прекини во репрезентацијата, а потенцира дека во Шпанија само Лионел Меси постигнал повеќе голови од него од слободен удар. Еуроспорт тврди дека најдоброто од Барди допрва доаѓа и ова може да биде негово Европско првенство.