Ракометниот клуб Еурофарм Работник од Битола и официјално го претстави новото засилување на голманската позиција, Карим Хендави кој доаѓа од Египет.

Тој веќе неколку дена е во Битола и тренираше со група на повредени ракометари ипод водство на Божидар Мојсов. А од вчера е со првиот тим кој се врати од Загреб по настапот во СЕХА лигата. Хендави ќе го носи дресот со број 88.

„Многу ми е драго што потпишав за Еурофарм Пелистер. Ова е значаен чекор за мене. Доаѓам во клуб со многу добри играчи, добар тренер, многу добар тим. Екипата е на одлично ниво и се надевам дека ќе помогнам“, вели Хендави.

„Ги познавам сите ракометари на Еурофарм Пелистер и знам дека македонската репрезентација е многу добра. Играв против Македонија уште во 2013 година во два пријателски натпревари. Ја знам историјата на репрезентацијата, имате добри пласмани на Европските шампионати. Ракометот во Македонија е популарен, многу луѓе сакаат ракомет и се надевам дека ќе уживам тука“.

„Ќе биде тешко и интересно против Татабања. Ни требаат добри два натпревари да напредуваме на табелата и ќе се бориме за тоа да го оствариме“.

loading…