Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер на 19 овој месец ќе ги започне своите настапи во Европската лига. Втората сезона на ова натпреварување, битолчани ќе го отворат пред својата публика, а раководството на клубот ја информираше јавноста дека веќе ги пушти во продажба сезонските билети за сите натпревари под покровителство на ЕХФ.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста, своите приврзаници, симпатизери и навивачи дека од сабота (9 октомври) започнува претпродажбата на сезонски билети за домашните натпревари во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Сите пет домашни натпревари од групата Д може да се набават во следните седум дена по цена од 1.000 денари на следните продажни места:

– БРОДЕРС ТОБАКО
– ДИМПО ТОБАКО
– На веб страницата www.kartieurofarm.mk
Можност за подигнување на билети имаат љубителите на ракометот со:
– вакцинален сертификат
– потврда за примена најмалку прва вакцина
потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин“, се вели во соопштението на клубот.

Поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Ним ќе бидат пуштени во продажба следниот петок (15 октомври).

  • Домашни натпревари во ЕХФ Лига Европа на Еурофарм Пелистер во групната фаза:

19.10.2021 – Еурофарм Пелистер – Ним
23.11.2021 – Еурофарм Пелистер – Татабања
07.12.2021 – Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
22.02.2022 – Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен
08.03.2022 – Еурофарм Пелистер – АЕК Атина