Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за прв пат призна дека имало недостатоци на европско ниво во набавката на вакцина против коронавирусот.
„ЕУ ги потцени компликациите што можат да се појават при производството на вакцината“, рече таа во интервју за германски „Зидојче цајтунг“.
– Advertisement –
Одговарајќи на зголемената критика дека ЕУ е премногу неодлучна во набавката на вакцините, Фон дер Лајан рече дека „една земја може да биде глисер, а ЕУ е повеќе вид на товарен брод“.
„Требаше да им објасниме на луѓето дека сè напредува, но полека и дека може да има проблеми и одложувања во оваа целосно нова постапка. Сепак, потценивме какви компликации можат да се појават“, објасни таа.
Таа потсети дека Европската комисија наредила до 2,3 милијарди дози вакцини од вкупно шест производители за 27 свои членови.