Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Шведска наведуваат дека ЕУ нема да биде безбедна од Ковид-19 се додека државите до нејзините граници не се опорават од пандемијата.
Европската унија треба да испрати вакцини за коронавирус на своите балкански соседи и да стори повеќе во борбата против вирусот во Украина, нагласија денеска министрите за надворешни работи на 13 земји-членки во заедничкото писмо до Европската комисија.
Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Шведска наведуваат дека ЕУ нема да биде безбедна од Ковид-19 се додека државите до нејзините граници не се опорават од пандемијата.
„Ние силно ги поддржуваме напорите и иницијативите на земјите-членки и на Европската комисија за споделување на вакцините од договорите доделени со најблиските соседи на ЕУ – како што се земјите од Западен Балкан”, велат министрите во писмото.
Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис одделно рече дека „наша должност е да им помогнеме на партнерите на ЕУ на Исток, Западен Балкан и други региони”.
Земјите на ЕУ почнаа веќе почнаа со масовна кампања за вакцинирање против Ковид-19 на 27 декември.
ЕК соопшти дека го примила писмото и ќе им одговори на тие влади. Комисијата соопшти дека истражува начини да им се помогне на балканските земји и другите соседи, вклучувајќи ги Грузија и Украина.