ЕУ треба да се подготви за пристигнувањето на милиони украински бегалци. Ова денеска го изјави комесарката за внатрешни работи на Европската унија, Илва Јохансон .
„Многу е тешко да се погоди колку, но мислам дека треба да бидеме подготвени за милиони“, рече Јохансон.
Таа додаде дека досега „околу 300.000 Украинци дошле во земјите-членки на ЕУ“.
Министрите за внатрешни работи од цела ЕУ се состануваат во Брисел за да разговараат за последиците од кризата во Украина.