Европската унија денеска воведе нови санкции против Белорусија поради нејзината улога во руската инвазија врз Украина, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ.
– Корепер (Комисијата на постојани претставници) штотуку одобри санкции против белоруски функционери и воен персонал вклучени во руската агресија врз Украина, соопшти француското претседателство.
Санкциите се насочени кон некои економски сектори, вклучувајќи го и извозот на дрво, челик и поташа, калиум карбонат што се користи како ѓубриво во земјоделството.
Европската унија ги воведе првите санкции против Белорусија во 2020 година по насилното задушување на протестите во земјата. Во август 2020 година, луѓето во Белорусија масовно протестираа против резултатот од претседателските избори за кои сметаа дека се наместени.