Европската комисија (ЕК) има намера да обезбеди дополнителни 180 милиони дози вакцини за ЕУ ​​од американската компанија „Модерна“ и конзорциумот „БиоНТек“ и „Фајзер“, јави германскиот весник „Шпигел“, повикувајќи се на дипломатски кругови во Унијата.

Според весникот, ЕК сака да купи уште 80 милиони дози вакцини од „Модерна“ и 100 милиони од „БиоНТех“ / „Фајзер“.

Претходно, Европската комисија нарача 80 милиони дози вакцини од „Модерна“ за земјите од ЕУ по цена од 21 евро за доза и 200 милиони дози од вакцината (по цена од 15,50 евра за доза) развиена од „БиоНТек / „Фајзер“.

Според „Шпигел“, вкупната вредност на пакетот вакцини ќе чини околу 3,2 милијарди евра. (МИА)