Европската унија прогласи 19 вработени во Постојаната мисија на Русија во Унијата за „персона нон грата“.
Тоа се наведува во соопштението на службата за надворешна политика на ЕУ, објавено денеска во Брисел.
– Врз основа на одлуката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, 19 службеници на Постојаната мисија на Руската Федерација во ЕУ во Брисел се прогласени за персона нон грата за вршење активности спротивни на нивниот дипломатски статус, се вели во соопштението.
Во изминатите 48 часа, вкупниот број на протерани руски дипломати од ЕУ достигна речиси 200 лица.