Европската унија повторно ги продолжи санкциите на економскиот сектор против Русија за шест месеци, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Кремљ проценува дека во тоа нема ништо ново и додава дека таквата одлука не придонесува за нормализирање на односите меѓу Русија и ЕУ.

Advertisements

„Советот на ЕУ денес донесе одлука за продолжување на санкциите насочени кон специфични економски сектори на Русија за шест месеци, до јануари 2021 година“, се наведува во соопштението.

Првично, Европската унија воведе санкции против Русија на 31 јули 2014 година за една година. Во март 2015 година, рокот за укинување на санкциите беше поврзан со „целосната имплементација на договорите од Минск“. Од тој момент, санкциите се продолжуваат на секои шест месеци, шест години по ред.

Прикажи повеќе