Албанскиот премиер Еди Рама вели дека повеќе ништо не може да го изненади од Брисел затоа што ЕУ постојано ги напушта ветувањата.
„Чекаме пред вратата на ЕУ со години и веќе ништо не ме изненадува од Брисел, бидејќи секој ден има внатрешна динамика и секој ден по некоја тешка историја“, изјавил Рама за француската телевизија Франс 24.
Тој ја поздравил одлуката на ЕУ да ги отвори вратите за Албанците, но додал дека земјата направила сериозна работа во справување со пандемијата.
„Албанија е на врвот на европската листа за масовно вакцинирање и со оптимални бројки за инфекции и смртни случаи. Јас лично се вакцинирав со Фајзер, но во земјата ги имаме сите четири вакцини, значи и Астра Зенека, Синовак и Спутник В“, зијавил Рама.
Според него, Албанија има успешна борба против корупцијата повикувајќи се на пресудата против пораншниот главен државен обвиинител, Адриатик Лала.
„Ако поранешниот главен обвинител и поранешните личности од судството и политиката се осудени, тоа е добар сигнал за владеењето на правната држава“, истакнал Рама.