Официјални претставници на Европската унија (ЕУ) изјавија дека прашањето за границата на Западен Балкан е „затворено прашање“.
„Позицијата на ЕУ во врска со ова прашање е добро позната. Ние сме апсолутно против каква било промена на границите. Ова е нешто што можеме да го затвориме еднаш и засекогаш “, рече портпаролот на Европската комисија (ЕК), Ерик Мамер.
– Advertisement –
Неговата изјава следува откако беше прашан за таканаречениот „нон-пејпер на Јанша“, за кој регионалните медиуми претходно известуваа, а според кој словенечкиот премиер Јанез Јанша испратил документ до седиштето на ЕУ, во кој се тврди дека распадот на поранешна Југославија не е завршена работа.
Портпаролот на ЕК повтори дека „никој никогаш не го видел овој нон-пејпер“ во европските институции, ниту дека такви идеи постојат на европско ниво.
„За сите можни документи што пристигнале или ќе пристигнат – нашата позиција во врска со ова прашање (промена на границата) е крајно јасна“, рече Ерик Мамер, портпарол на ЕК.