Долгорочниот план на Европската Унија за усогласување на полначите за паметните телефони и други уреди наскоро треба да биде и формално предложен како закон.

И покрај протестите и аргументите на „Епл“ против предвидениот стандард за полначи, ЕУ подготвува законска регулатива за ова прашање. Аргументот е дека заедничкиот стандард би го намалил електронскиот отпад, а „Епл“ тврди дека тоа би создало повеќе е-отпад.

Законот треба да биде предложен во септември. Засега нема повеќе подробности засега, но предлозите најверојатно ќе ги следат претходните препораки на ЕУ.

Заложбата на ЕУ за унифициран полнач почна пред околу 13 години. Компаниите, вклучително и „Епл“, тогаш потпишаа доброволен меморандум за разбирање, согласувајќи се да работат на усогласување на полначите. Ова не се случи, па затоа ЕУ смета дека доколку е така, ќе мора да го наметнат тоа со закон.

Имено, „Епл“ лани престана да доставува адаптер за напојување за „Ајфон“. Меѓутоа, проблемот за „Епл“ е што користи свој „Лајтнинг“ конектор, а ЕУ веројатно ќе препорача УСБ-Ц или УСБ 2.0 микро-Б, што најчесто се користи од другите произведувачи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.