Европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон денеска изјави дека Европската комисија не ги обновила нарачките за вакцини од АстраЗенека по јуни, објави Ројтерс.
Европската Комисија во април поднесе тужба против АстраЗенека за непочитување на одредбите од договорот за набавка на вакцини против коронавирус. Британско-шведската фармацевтска компанија е критикувана и за тоа што нема „сигурен“ план што би овозможил испорака на дози на време.

Advertisements

Прикажи повеќе