Пакетот вклучува построги ограничувања за извоз на стоки со двојна употреба и мерки против субјектите кои поддржуваат војна, шират пропаганда или снабдуваат беспилотни летала што ги користи Русија

Европската Унија го одобри десеттиот пакет санкции против Русија на годишнината од инвазијата на Москва на Украина, соопшти вечерва шведското претседателство со ЕУ.

„Заедно, земјите-членки на ЕУ ги воведоа најсилните и најдалекусежни санкции досега за да ѝ помогнат на Украина да победи во војната. ЕУ е обединета со Украина и со украинскиот народ. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно“,објави шведското претседателство со ЕУ на Твитер.

Пакетот вклучува построги ограничувања за извоз на стоки со двојна употреба и мерки против субјектите кои поддржуваат војна, шират пропаганда или снабдуваат беспилотни летала што ги користи Русија./360 stepeni/

Прикажи повеќе