Сите 27 членки на блокот биле согласни за да се олеснат ограничувањата за патување на Mакедонците, оваа одлука доаѓа по стабилизацијата на состојбата со коронавирусот во државата, ова на Фејсбук го сподели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјани, на што се согласија сите 27 членки на блокот. Оваа одлука на ЕУ доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата. Продолжуваме будно да ја следиме епидемиолошката состојба во земјава. Апелирам до граѓаните дека сѐ уште важат основните мерки за заштита од вирусот Ковид 19. Пандемијата не е завршена кај нас, во земјите во регионот, па и насекаде во светот, сѐ уште има активни случаи и новозаразени, што на еден начин е потенцијална закана за можен удар од вирусот, затоа треба да се придржуваме кон мерките за заштита“, напиша Филипче.