Европската унија изрази загриженост за слободата на медиумите во Словенија, откако директорот на словенечката новинска агенција, СТА, поднесе оставка затоа што не сака да потпише нов договор за финансирање на агенција понуден од владата. Директорот на СТА, Бојан Веселиновиќ поднесе оставка, велејќи дека новиот договор ќе ѝ наштети на агенцијата. „Никогаш нема да учествувам во газењето на новинарската автономија“, рече тој во изјавата. Според Европската комисија, владата оваа година не ѝ платила ништо на агенцијата.

Advertisements

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, чија земја моментно претседава со ЕУ, инсистира на тоа дека повеќето словенечки медиуми се премногу критични кон него, но во јули рече дека прашањето за финансирањето ќе биде решено оваа есен. „Жал ни е и со загриженост го следиме најновото влошување“, изјави за новинарите портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд. Тој ги повика словенечките власти „да преземат решителни мерки за да ги запрат и укинат актуелните трендови“. Во минатата недела потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова ги повика словенечките власти што е можно поскоро да го решат прашањето за финансирање на СТА.

Прикажи повеќе