Загриженоста за владеењето на правото во Унгарија и Полска го одложи одобрувањето на Европската унија за плановите за помош од десетици милијарди евра. Станува збор за приматот на правото на ЕУ во полскиот случај и за основните стандарди на ЕУ во случајот на Унгарија. Во прашање се околу 29 милијарди долари грантови и 14 милијарди долари поволни заеми во полскиот план, и околу 8 милијарди долари грантови за Унгарија. И Варшава и Будимпешта оценија дека ова е идеолошки мотивирано и неуставно.
Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис рече дека претставниците на ЕУ внимателно ќе ја следат престојната пресуда на Уставниот суд на Полска, додека ги идентификуваат „предизвиците за владеење на правото“ што го одолговлечија процесот на одобрување за Унгарија. Претставниците на ЕУ во минатото изјавија дека нивниот приговор во случајот на Унгарија се однесува на заканата за злоупотреба на средствата, но Брисел исто така оваа година беше остро критичен за перцепираниот клиентелизам кај медиумите и невладините организации кои ги фаворизираат сојузниците на националниот популистички премиер Виктор Орбан.