Апликацијата за попис на дијаспората има бројни аномалии и пречки на тој начин иселениците не можат да се регистрираат, изјави Бујаре Абази од Алијанса за Албанците. Таа вели дека времетраењето на регистрацијата е многу комплициран процес и системските проблеми влијаат на демотивацијата на нашите граѓани за да се регистрираат.

„Е-адресата е проблем затоа што апликантот треба да почека од 5 до 10 часа за да го добие специјалниот код, но се случува да не го добие воопшто, поради што многу наши граѓани се откажуваат од регистрација по 3 или 4 обиди . Исто така, постојат случаи кога етничката припадност и религијата се мешаат“, вели Абази.

Но лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека пописот ќе биде успешен додавајќи дека бројот на попишани иселеници е над 30 илјади.

„Сметам дека сите екипи кои работат на пописот ја вршат работата како што треба, и мислам дека пописот ќе биде успешен“, рече Ахмети.

Но по зголемувањето на бројот на заразени се поставува прашањето дали пописот е можно да се одложи. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека нема индиции за одлагање на пописот но сепак не е исклучена можноста пописот да биде одложен.

„Засега немаме индиција дека треба нешто да се направи меѓутоа не е исклучена можноста“, вели Филипче.

Од друга страна првиот човек на заводот за статистика Апостол Симовски вчера изјави дека не ја отфрла можноста за одлагање на пописот дотолку има нагло зголемуввање на новозаразени затоа што не сакаат да бидат причина за ширење на корона вирусот.

„Комисијата за заразни болести ја следи ситуацијата на дневна основа ако не дај Боже ситуацијата дојде, а Комисијата го заклучи тоа и ние ќе го почитуваме тоа. Нема да дозволиме никој да биде ставен во опасност и дополнително да бидиме причина за ширење на вирусот“, е ставот на Симовски.

Одложување на пописот бара и МПЦ со став дека здравјето на верниците е најважно. Од таму додават дека земјава треба да го одложи пописот како што го направија и други земји поради зголемување на бројот на заразени со Ковид 19. А ВМРО-ДПМНЕ уште пред донесување на законот е против реализација на попис.

Но, власта не смета дека пописот треба да се одложи затоа што протоколите кои се донесени ги штитат граѓаните од ширење на вирусот. Инаку пописот во Хрватска кој требаше да се спроведе во април, ќе се одложи поради епидемиолошката состојба во земјата.