Етиопија потврди прва епидемија на вирусот Марбург, откако девет случаи биле идентификувани, меѓу кои и здравствени работници. Примероците од сомнителни случаи биле позитивни, а инфекцијата ја предизвикува истиот сој што претходно се појавил во источна Африка.
СЗО и Африканскиот центар за контрола на болести испратиле брза помош, медицинска опрема и изолациони шатори, додека властите работат на спречување на ширење на болеста преку границите. Вирусот е многу заразен и често смртоносен, со симптоми како висока температура, главоболка, болки во мускулите и тешко крварење.
За болеста нема одобрен лек, а здравствените власти на Етиопија и Јужен Судан соработуваат за контрола на епидемијата. СЗО издвоилa 300.000 долари за итна поддршка.
Текстот Етиопија ја потврди првата епидемија на вирусот Марбург е превземен од МАКФАКС.























