ЕСМ и Адора постигнаа договор за закуп на топланите Исток и Запад.

Со тоа ЕСМ, и официјално, го презема парното од БЕГ.

Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година, според премиерот Ковачевски, ЕСМ ќе и плаќа 390.000 евра годишно на Адора, која е сопственик на топланите.

Во меѓувреме, од менаџментот на Адора Инженеринг сооштија дека добила цврсти гаранции од ЕСМ дека во најбрз можен рок, ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите.