ЕСМ Продажба склучила два договори со две различни фирми за набавка на 26 илјади мегавати електрична енергија кои ќе чинат 5,5 милиони евра. Според договорот, испораката започнува од денес, а ќе трае до 20 ноември. На веб-страницата на Електрани на Северна Македонија се објавени документите за набавката. Сето ова се случува на прагот на енергетската криза во која влегува државата. Пред само два дена Комисијата донесе заклучок да препорача прогласување на енергетска кризна состојба и заклучокот ќе биде разгледуван на владина седница во вторник. Големото трошење на државата во краток временски рок, наиде на остри критики од страна на опозицијата.