Владата на денешната петта седница, врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија, го одобри договорот за деловно техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на прокуристот како застапник на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север, со сите трансакциски сметки на Скопје Север АД – Скопје, како и со наменската сметка која што топланата ќе ја отвори исклучиво за потребите на одобрениот договор.
„Договорот за реализација на деловно техничка соработка има за цел да се обезбеди топлинска енергија за снабдување на жителите на Град Скопје“, се наведува во соопштението од седницата.
Владата денеска донесе и одлука со која се одобруваат текстовите на договорите со БЕГ и со топланата Скопје Север и со која се одобрува работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на АД ЕСМ во државна сопственост, со БЕГ и со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД – Скопје.