Владата на денешната 149-та седница ја усвои Информацијата за статус на проектот за „Закуп на ЛНГ терминал“ во грчкиот град Александрополис.
Како што информира владината Прес-служба, Владата го задолжи АД ЕСМ да регистрира правни ентитети во Грција и Бугарија потребни за оперативни активности поврзани со набавка, дистрибуција и трговија со гас.
АД ЕСМ е задолжено и да врши транспорт на природен гас преку интерконекторот со Бугарија, се додека не се изгради интерконекторот со Грција.