Поранешниот младински репрезентативец Ердон Даци како и што беше најавено потпиша за белгиски Вестерло.
„Здраво, јас сум Ердон Даци, доаѓам од Македонија, доаѓам од Коњаспор во турската Суперлига и среќен сум што сум дел од овој тим. Јас сум напаѓач, физички силен и сакам да давам голови. Дојдов зашто верувам во проектот на овој клуб и сакам да ја оствариме целта да бидеме дел од елитата. Можам да ветам дека до последно ќе се борам за тимот и за победите“, рече Даци.
Даци во Вестерло доаѓа после четири години минати во турски Коњаспор, каде пак замина бесплатно како еден од многуте таленти на најтрофејниот македонски клуб Вардар кои ги напуштија црвено-црните. Даци во турската Суперлига одигра 42 меча, даде три гола и запиша пет асистенции.