Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Загреб изјави дека проблемот со житото од Украина е што оди во богатите, а не во сиромашните, како што очекува Турција, јавуваат регионалните медиуми.

Ердоган ова го изјавил во заедничкото обраќање до медиумите со претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, одговарајќи на прашање на турски новинари за испорака на енергенси во Европа и испорака на жито од Украина.

Ердоган рекол дека нема да зборува за енергија и додал дека Турција сака да започне со извоз на жито и од Русија.

„Турција сака да започне со извоз на жито и од Русија, додека САД бараат спроведување санкции и за руското жито“, кажал Ердоган, пренесуваат хрватските медиуми.

Прикажи повеќе