Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во авионот одговараше на новинарски прашања при враќањето од посетата на Ангола, Того и Нигерија.
На новинарско прашање повразано со Кавала „Дали е ваша должност да и држите лекција на Турција?” велејќи отворено зборувавте. Опозицијата, исто така, зборува на начин како амбасадорите и не го гледа ова како национално прашање. Како го гледате вие ова? Зошто се фокусираа на прашањето за Осман Кавала и Демирташ? Што гледате во позадината на ова? Одговарајќи на прашањето, претседателот Ердоган рече:
„Јасни се фокусите каде се храни тероризмот. Ова се центрите каде што се храни тероризмот. Така е и со Селахатин Демирташ. Сѐ уште има нерешени случаи. Кавала е токму таков случај. Но, карактеристиката на Кавала е поинаква. Кавала е она што е Сорос за меѓународната заедница. Тие се обидуваат да го разнишаат местото што го сакаат со пари. Сега влегува и синот на Сорос. Тој е како неговиот татко. Тие мора да се следат многу внимателно. На пример, тие се обидуваат да се инфилтрираат на Балканот, да го заплашат Балканот. Се разбира, ние нема да им дадеме можност, тие не треба да бидат. Слични работи прават во Косово, Македонија, Албанија, секаде. Затоа, ние мора еднаш да го ставиме под нашата свест. Фала му на Бога, ние како Турција сме силни и тие не можат да се инфилтрираат. Има сериозно намалување на бројот на терористи. Отсега, ќе ја продолжиме борбата против тероризмот со иста решеност “.